• Саше Љолес

Еден од најталентираните млади фудбалери од Црна Гора, Василије Аџиќ, ќе има нов предизвик во кариерата. 20-годишниот играч за врска следната сезона ќе настапува за Сасуоло, каде што замина на позајмица од Јувентус.
Торинскиот клуб сака Аџиќ да добие повеќе простор за игра и да продолжи со развојот, а Сасуоло доби можност по крајот на сезоната да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.
Аџиќ пристигна во Јувентус во 2024 година од Будуќност за сума од околу седум милиони евра. Иако имаше ограничена улога во првиот тим, успеа да остави впечаток, особено со прекрасниот гол против Интер.
Јувентус сепак не се откажува целосно од младиот фудбалер и задржа опција за негово враќање во иднина. Во случај да ја активира таа можност, клубот од Торино ќе треба дополнително да го обештети Сасуоло со околу 13,75 милиони евра.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.


