Црногорски Ком го отпушти Виктор Треневски

Македонскиот стратег Виктор Треневски ќе бара нова средина затоа што доби отказ од редовите на црногорски Ком.

По само едно коло од вториот дел од сезоната Треневски доби отказ поради непосакуваните резултати. Му пресуди поразот од Петровац (0-1), а во наредните кола екипата ќе ја води помошникот на Треневски.

Ком е во зоната за бараж за опстанок во црногорскиот шампионат со само 19 бода.

Покрај во Ком, Треневски во кариерата работеше уште и во Дечиќ, Заврч, Вержеј, Малченик и македонски Работнички.