Црногорците мотивирани пред Силекс: Ова ќе биде историски натпревар за нас

Во пресрет на двомечот со Силекс, црногорскиот прволигаш Дечиќ одржа прес-конференција во која фудбалерот Леон Ујкај и тренерот Небојша Јандриќ изразија оптимизам за достоинствен настап.

„Овој двомеч е многу важен за нашиот клуб, бидејќи ова ќе биде историски европски натпревар кој што ќе се одигра во нашиот град“, рече Јандриќ. 

Ујкај истакна дека сите играчи се мотивирани да го дадат својот максимум на дуелот во Скопје.

„Сите сме максимално мотивирани да го дадеме максимумот на овој натпревар. Нашата цел е јасна, одиме на позитивен резултат. Натпреварот во нашиот дом  биде од посебно значење, бидејќи може да биде одлучувачки во овој двомеч“, истакна Ујкај.

Првиот натпревар меѓу Силекс и Дечиќ се игра вечерва во Црна Гора, со почеток од 20:00 часот.