• Горан Упале

Ерик Тен Хаг делува дека не може да се уништи, како и зошто останува на клупата на Манчестер Јунајтед никој не знае, но ако продолжи вака како што влезе во новата сезона нема да тера уште долго. Доколку не ја крене психолошки екипата по дебаклот од Тотенхем во минатото коло, црно му се пишува и во наредното.
Црно бидејќи „ѓаволите“ ги очекува гостување кај Астон Вила која в среда во Бирмингем најави кои и се крајните дострели совладувајќи го Баерн во Лигата на шампионите. Осоколена од триумфот екипата на Унај Емери ќе се обиде да ја прекине мини-серијата од четири врзани порази во меѓусебните дуели со Јунајтед и да продолжи со подемот на премиерлигашката табела, кој минатиот викенд го успори Ипсвич.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Астон Вила - Манчестер Јунајтед
Со оглед на моменталната форма на тимовите тешко дека истото може да го направи и Јунајтед, кој пред гостувањето кај Порто во Лигата на Европа беше во серија од три натпревари без победа. Олеснувачка околност за Тен Хаг е тоа што Бруно Фернандеш може да игра, откако му беше укината суспензијата поради црвениот картон против Тотенхем. Емери од друга страна го мачат одредени кадровски проблеми, бидејќи Џејкоб Ремзи и Амаду Онана против Баерн мораа поради повреди порано да го напуштат теренот. Останува да се види дали се работи за нешто посериозно. И покрај тоа Вила е фаворит и веруваме дека ќе ја оправда оваа улога.










