Двајца млади фудбалери од академијата на Пелистер следната сезона ќе настапуваат во Црна Гора. Имено, денес Бокељ од Котор информираше дека постигна договор со Илија Ристевски и Андреј Јошевски и двајцата млади фудбалери се обврзаа на договор на една сезона со црногорскиот клуб, со опција за уште една сезона ако двете страни се задоволни од соработката.