• Горан Упале
Екипата на Локомотив е нов освојувач на рускиот Куп, откако славеше победа над Урал (2-0), но овој меч го одбележа тепачката на фудбалерите пред самиот крај на мечот.
Во судиското надополнување пред казнетиот простор на Урал дојде до расправија на двајца фудбалери, која набрзо прерасна во масовна тепачка на фудбалерите на двете екипи.
Цел инцидент се случи пред очите на судијата, кој на крајот покажа четири црвени картони. Кај Урал беа исклучени Фидлер и Манучарјан, додека кај победничката екипа казнети беа Фарфан и Ари.







