Црн ден за тетовската гордост: Тетекс со најтежок пораз во историјата

Екипата на Тетекс е закована при дното во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), се наоѓа на претпоследното место и ѝ се заканува испаѓање, а посебно тешко на навивачите им падна последниот пораз од Пелистер.

„Штофарите“ во Битола загубија со огромни 11-0. Ваков ватерполо резултат немало долго време во македонскиот фудбал, барем во двете најдобри конкуренции, тоа се ПМФЛ и ВМФЛ. Информацијата ја сподели фудбалскиот хроничар за ФК Тетекс, колегата Павле Симовски од Тетово.

За Тетекс ова е најтешкиот пораз во 70-годишната историја. Претходно, највисокиот пораз на „штофарите“ беше од ФК Гостивар со 7-0, исто така оваа сезона во ВМФЛ. Некогашниот Куп-освојувач дефинитивно минува тешки денови...