• Мартин Танасковски
Екипата на Тигрес дојде до титулата во мексиканското првенство откако во финалната плејоф-серија по изведување на пенали беше поуспешна од Клуб Америка.
Финалето кое беше доста драматично даде повеќе црвени картони од голови. Регуларниот дел заврши без голови (0-0), а во продолжението паднаа два гола, за конечни 1-1. Фудбалерите наликуваа на кик-боксери, затоа што се тепаа за време на целата средба, а ситуацијата ескалира во 105. минута кога „настрадаа“ дури тројца фудбалери.
Инаку, головите ги постигнаа Алварез за Клуб Америка, а на Тигрес продолженија му донесе Дуенас со гол во 119. минута.
Пенал-серијата заврши со победа од 3-0 за Тигрес.