ВИДЕО: Циркус во Украина – Хулигани „глумеа“ чирлидерки, па се тепаа со обезбедувањето!

Од натпреварот одигран овој викенд во Украина меѓу екипите на Черноморец Одеса и Ворска ни доаѓа досега ретко видена ситуација на фудбалските терени ширум светот. 

Имено, неколку фанови на домашната екипа на полувреме одлучија да ја разбијат монотонијата од досадниот прв дел и се упатија кон центарот на теренот. Таму своја точка имаа чирлидерките, па фановите на „своја рака“ им се придружија во перформансот.

По оваа комична сцена следуваше трагична, бидејќи истите хулигани започнаа да се тепаат со обезбедувањето, кое сакаше да ги отстрани од теренот. Во продолжение погледнете што точно се случи во тие моменти: