• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Мите Цикарски ја промени средината и се пресели во Грција каде ќе го носи дресот на ПАС Јанина.
Левиот бек кој има 25 години настапуваше за кипарска Ахна, но одлучи да менува. Наредна дестинација ќе биде грчкиот тим, со кого потпиша договор во времетраење од една и пол година.
ПАС Јанина се наоѓа на 11 место во грчкиот шампионат, а Цикарски се очекува да дебитира на натпреварот против Паниониос на 28 јануари.