• Саше Љолес

Фудбалерите на Рајо Ваљекано ремизираа на домашен терен против тимот на Џирона во рамките на 26. коло од Примера (2-2). Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше на голот на домашниот тим и забележа повеќе од солиден настап, иако прими два гола.
Првото полувреме беше скоро целосно во знакот на Рајо, иако и Џирона постигна еден гол. Домаќините имаа многу повеќе од играта, создадоа неколку убави шанси и постигнаа два гола, а можеа да дојдат и до трет, меѓутоа Трехо не успеа да реализира пенал во 41. минута од мечот. Рајо поведе со голот на Палазон во 23. минута, додека Циганков го израмни резултатот на истекот на првите половина час. Вториот гол за домашниот состав беше дело на истиот играч што го промаши пеналот, Оскар Трехо. Три гола паднаа во првото полувреме, бевме сведоци на возбудлив фудбал, а Рајо Ваљекано замина на паузата со водство од 2-1. Домашниот тим можеше да жали што не стекна поубедлива предност во првиот дел.
Џирона многу бргу стигна до ново израмнување. Вториот дел започна со иницијатива на гостите, а Циганков успеа вторпат да го совлада нашиот Столе Димитриевски. Овој пат стрелаше прецизно во 52. минута, а тоа воедно беше и последниот гол на денешниот дуел. Гостинскиот состав заслужено дојде до реми, затоа што во второто полувреме играта беше на нивната страна и топката беше повеќе во нивни нозе. На крајот, двата тима се задоволија со по еден бод. Рајо Ваљекано сега е на осмото место со 36 бодови, додека Џирона се наоѓа на на единаесет место со 31 освоен поен.
Нешто порано од овој меч, својот дуел во Примера го одиграа екипите на Алмерија и Кадиз. Двата гола беа видени во второто полувреме, а натпреварот заврши со реми (1-1). Домашниот тим имаше значително повеќе од играта, меѓутоа гостите беа тие што поведоа со 1-0 преку поранешниот соиграч на Енис Барди, Роџер Марти во 49. минута од мечот. До крајот на полувремето Алмерија имаше две убави шанси, но мрежите мируваа и гостите заминаа со минимална предност на полувремето.
- Алмерија - Кадиз 1-1:
Вториот дел донесе уште поголема иницијатива на Алмерија, домашниот состав со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот. Рака на срце, Алмерија се спротивстави соодветно и успеа уште два пати да се закани по голот на Мартинез, но не успеа да дојде до втор погодок и уште покомотна предност.
Алмерија силно притисна и трудот се исплатеше дури пред самиот судиски свиреж за крај на мечот. Кога домашните навивачи помислија дека нивниот тим ќе забележи нов пораз, судијата покажа на белата точка по еден груб старт на домашниот дефанзивец. Прецизен стрелец беше Гонзало Мелеро кој го постави и конечниот резултат на овој дуел (1-1).