ВИДЕО: Дарко Чурлинов впиша петти гол во полскиот елитен шампионат

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов постигна нов погодок во дресот на полскиот клуб Јагјелонија овој викенд.

Јагјелонија има позитива на гостувањето кај Краковија (0-2), а Чурлинов го постигна првиот гол на мечот во 34. минута откако најдобро се снајде по една мешаница во казнениот простор.

Крилото за своето издание доби и номинација за МВП на натпреварот во полската лига.