ФОТО: Чурлинов во стартниот тим на Барнли во Лига Купот на Англија!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов вечерва ќе го има своето деби во првиот состав на новиот клуб Барнли.

Ланскиот премиерлигаш гостува кај Шроусбери Таум во рамки од Лига Купот на Англија, а белгискиот менаџер, Винсент Компани, за овој дуел се реши да напаѓа со младиот македонски фудбалер.

Чурлинов пред една седмица пристигна на Островот и тоа на барање на Компани, кој во квалитетите на нашиот напаѓач гледа како вистинско решение за својот напад.

22-годишниот скопјанец викендов дебитираше во Чемпионшип на дуелот со Блекпул. Во игра влезе во 72. минута, при резултат 3-1 и имаше една прилика за гол во судиското надополнување, но не успеа да реализира.