ВИДЕО: Чурлинов влезе од клупата и запиша победничка асистенција за Штутгарт

Чурлинов Дарко

Дарко Чурлинов одигра речиси половина час во победата на Штутгарт на домашен терен против Аугсбург (2-1) во 32. коло од Бундеслигата.

  • Извештај од натпреварот:

Македонскиот фудбалер доби шанса во вториот дел, кога го замени Дидави. Десет минути подоцна преку негова асистенција пристигна победничкиот погодок за прекин на лошата серија во домашното првенство.

Гостите си ја искомплицираа работата со овој неуспех. До крајот ќе мора да одиграат максимално посветено, ако сакаат да бидат дел од елитата и наредната сезона.

Се играше 74. минута кога нашиот интернационалец одлично го пронајде Калајџиќ и му овозможи да погоди за 2-1. Претходно на голови се израдуваа Форстер за домашната и Нидерлехнер за гостинската екипа.

Во првата бундеслигашка сезона Чурлинов запиша единаесет настапи во дресот на Штутгарт.