ВИДЕО: Чурлинов веднаш „распука“ и го запиша деби-голот во дресот на Келн! 

Еден од најголемите македонски фудбалски надежи, Дарко Чурлинов, веднаш ја искористи пружената шанса во првиот тим на Келн, откако во својот прв настап го постигна и деби-голот за старо-новиот бундеслигаш.

Талентираниот офанзивец ова лето доби шанса подготовките да ги започне со првиот тим на Келн, а на денешниот контролен натпревар против нисколигашот Фрехен успеа да се запише во листата на стрелците. 

Чурлинов шанса за докажување доби во вториот дел од овој меч, а потребни му беа само седум минути за да го докаже својот раскошен талент, откако со глава ја смести топката во противничката мрежа. 

Чурлинов ги одигра сите 45 минути од вториот дел, а мечот заврши во полза на неговиот тим од 7-1.