• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов поради повреда скоро еден месец беше надвор од терените, но неговиот кам-бек го круниса на најдобар можен начин – со гол за победа на Јагјелонија.
Полскиот тим вечерва гостуваше кај Копенхаген во рамките од првото коло во Конференциската лига на УЕФА, а со голот на нашиот ас извојува голема победа од 1-2. Чурлинов натпреварот го започна од клупата за резерви и шанса доби во 55. минута, а клучниот момент се случи во 98. минута, кога излезе сам пред домашниот голман и со прецизен удар ја смести топката во мрежата за огромна радост на полските навивачи на „Паркен“.
- Голот на Чурлинов против Копенхаген:
każdy potrzebował
(z odpowiednim podkładem) pic.twitter.com/7fy8NyHLTf
— Michał Sagrol (@michalchojnice) October 3, 2024
За Чурлинов ова е деби гол за Јагјелонија во својот петти натпревар.