Чурлинов: Се претставивме добро на подготовките, сега следува меч со незгодниот Динамо

Дарко

Првата официјална средба во новата сезона за Дарко Чурлинов и Штутгарт е закажана на 29 јули. Тимот на македонскиот офанзивец ќе се соочи со Динамо Дрезден во првото коло од ДФБ Купот.

22-годишникот, кој прикажа одлична форма во изминатиот период, го најави првиот официјален натпревар на својата екипа.

„Имавме сериозен пристап на подготовките и се претставивме добро на пријателските натпревари. Сега следува меч во ДФБ Купот. Динамо Дрезден е добар тим. Не е важно во која лига игра во моментот, тие секогаш се незгодни. Ние само треба да ја играме нашата игра“, вели Чурлинов.

Претстојната сезона македонскиот репрезентативец ќе ја одигра во Штутгарт, иако имаше желба да остане во Шалке 04, со кого избори промоција во Бундеслигата за време на ланската позајмица.