ФОТО: Чурлинов сè поблиску до елитата, позираше за првиот тим на Келн!

Еден од најголемите фудбалски таленти во нашата држава, Дарко Чурлинов, ги минува најдобрите денови во дресот на германскиот бундеслигаш Келн. 

По неколкуте сезони „лутање“ по младинските категории, ова лето македонскиот репрезентативец конечно доби шанса да го облече дресот на првиот тим на Келн и веднаш одушеви. Дебитираше со погодок, а веќе на следниот напревар го забележа својот прв хет-трик, па неговиот сон за настап во Бундеслигата е пред остварување. 

Чурлинов е сè поблиску до елитата на германскиот фудбал, а доказ за тоа е и денешната фотографија од првиот тим на Келн, на која дел беше и младиот напаѓач.