Чурлинов поради повреда го пропушта првото коло во Бундес

Дарко Чурлинов

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов според најавите од Германија ќе го скокне првото коло во Бундеслигата поради повреда.

Крилниот играч има проблеми со грбот и затоа неговиот настап засега е неизвесен. Чурлинов имаше перфектни подготовки, но повеќето натпревари во мал временски интервал го сторија своето.

Во првата рунда од Бундеслигата, Штутгарт на домашен терен игра со РБ Лајпциг. Натпреварот е закажан на 7 август од 15:30 часот.