• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стрелец за Јагјелонија на гостувањето кај Легија во 28. коло на полската Екстракласа.
Крилниот фудбалер добро ја следеше акцијата, па по интервенцијата на домашниот голман Тобиаш прв стигна на одибената топка и ја испрати во мрежата. Овој гол Чурлинов тргна да го прослави на трибината каде што беа неговата девојка и мајка, па заедно емотивно прославија со прегратка.
За Дарко Чурлинов ова е петти гол во полското првенство на 22. настап за Јагјелонија оваа сезона.


