Чурлинов неизвесен, селекторот објасни зошто го нема Несторовски

Предводникот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски, го објасни списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари во Лигата на нациите. „Рисовите“ гостуваат кај Грузија во клучниот натпревар, а потоа во Скопје доаѓа Бугарија. 

Покрај стандардната најава за натпреварите, Милевски направи и подетална анализа на играчкиот кадар. Селекторот објасни зошто го нема Илија Несторовски, Давор Здравковски, а се осврна на формата на дел од играчите. 

„Чурлинов во текот на денешниот ден ќе оди на дополнителни прегледи и ќе ја дознаеме неговата состојба со повредата. Здравковски го контактирав, Давор е одлично момче, ама сметам дека ритамот и начинот на игра каде што се наоѓа, сметам дека го достигна лимитот и потребна му е промена. Тој е стандарден, ама мора да го смени начинот на игра, за да се вклопи во моите концепции. Слична е ситуацијата и со Несторовски, тој е играч кој има дадено многу за Македонија, а во моментов сметам дека не заслужува да го користам пет, десет или петнаесет минути, но сега сметам дека Миовски и Ристовски се во подобра форма и нема да биде првотимец. Во моментов, Стефан Ристовски и Адеми се во одлична форма, како и Миовски, Милан Ристовски и Алиоски кој е на повисоко ниво. Сите треба да работат на својата форма и да се кренеме“, објасни селекторот. 

Репрезентацијата ќе се собере на 19 септември во 12:00 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје и ќе ти отпочне подготовките за натпреварите со Грузија и Бугарија.