Чурлинов: Не смее пак да ни се случи Грузија, мора да учиме од грешките

Крилниот играч Дарко Чурлинов постигна гол против Гибралтар (4-0), трет за него во репрезентативната кариера. По мечот во Скопје, играчот на Шалке 04 истакна дека е задоволен што брзо сме го решиле овој меч, а за следните потенцира дека мора да се извлечат поуки од поразот со Грузија.

„Мечот со Гибралтар го одигравме како што се бараше од нас. Задоволен сум од првите 45 минути, во второто полувреме исто бевме подобри од ривалот, но недостасуваше завршницата, ама имаше доста дебитанти. Од мое гледиште, овој натпревар ни беше на ниво.

За следните два меча кои ни доаѓаат мора да направиме добра анализа и за се што минавме низ последните четири натпревари, да си ја пронајдеме грешката која ја направивме со Грузија и да не дозволиме да ни се случи истото. А, дали ќе ни се поклопат коцките на крајот, ќе видиме“, изјави Чурлинов.

Чурлинов покрај против Гибралтар, во дресот на Македонија погодуваше и со Казахстан и Лихтенштајн. Следните предизвици во Лигата на нациите се во месец септември, а се наречени Грузија и Бугарија.

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Julio Ribas

    4-3-3