• Мартин Танасковски
Во име на тимот на Македонија пред пријателскиот натпревар со Летонија во Скопје говореше и крилото Дарко Чурлинов. Играчот кој настапува во Турција кажа дека приоритет е победата, за добра атмосфера пред патувањето во Кардиф на дуелот со Велс.
„За нас нема пријателски натпревари или официјални. Секој меч ни е приоритет. Среќни сме што играме за Македонија на ова ниво и се надевам дека ќе прикажеме на терен што имаме. За мене важно е на мечот да се влезе како што треба, да одиграме добро, за да имаме убаво чувство за понатаму. Убаво е кога победуваш кога играш дома.“, изјави Чурлинов.
Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра во среда од 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“, а влезот е слободен.












