ВИДЕО: Чурлинов и Барнли во четвртфинале, Јунајтед пукна во финишот!

Екипата на Барнли во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се пласира во четвртфиналето на англискиот ФА Куп.

Барнли кој е најдобар во Чемпионшип тешко го победи Флитвуд (1-0) против кого важеше за голем фаворит. Во 90. минута, Витињо го проигра Робертс, а тој донесе триумф. Чурлинов се врати во составот на Барнли и влезе од клупата во 74. минута.

  • Барнли - Флитвуд 1-0: 

Манчестер Јунајтед со два доцни гола успеа да слави над Вест Хем (3-1) и така се пласира меѓу осумте најдобри. Бенрахма во вториот дел донесе позитива за гостите, а откако на Касемиро му беше поништен гол со ВАР, Агуер си даде автогол за 1-1. Пред самиот крај, во 90. минута, Гарначо беше херој на „ѓаволите“ и донесе предност, а откако Вест Хем се отвори, Фред стави точка на натпреварот.

Гримзби направи сензација и победи на гостувањето кај Саутемптон (1-2), а исто така голема победа забележа и Шефилд Јунајтед кој дома го елиминира премиерлигашот Тотенхем (1-0) на Антонио Конте.

  • Саутемптон - Гримзби Таун 1-2: 

  • Шефилд Јунатед - Тотенхем 1-0:

Ждрепката за четвртфиналето е доцна вечерва.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Дејвид Мојс

    4-3-3