• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговиот Барнли патуваат во осминафиналето на англискиот ФА Куп затоа што славеа во реваншот против Ипсвич (2-1).
Барнли се намачи, но го доби дуелот пред својата публика. Херој на тимот на Винсент Компани беше Натан Теља, кој постигна два гола, во 1. и 95. минута, за триумф на Барнли. За Ипсвич стрелец беше Хирст.
Дарко Чурлинов стартува на клупата за резерви, а во игра влезе во 70. минута на местото на Витињо и беше на терен до самиот крај. Во осминафиналето на ФА Купот, Барнли ќе игра против Флитвуд кој го исфрли Шефилд Венсдеј (1-0) и ја има улогата на фаворит.
Во останатите натпревари Гримсби беше подобар од Лутон (3-0), додека Шефилд Јунајтед го совлада Рексам (3-1).