ВИДЕО: Чурлинов доби половина час, Штутгарт одигра реми со РБ Лајпциг

Фудбалерите на Штутгарт успеаја да освојат бод против фаворизираниот РБ Лајпциг (1-1), во првото коло на Бундеслигата. Пресметката на „Мерцедес Бенц Арената“ понуди два погодоци во првиот дел, а потоа мрежите мируваа. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше резерва, но доби половина час во кам-бекот во германската елита. 

  • Извештај од натпреварот:

Само осум минути им беа потребни на „биковите“ да го дадат првиот гол оваа сезона. Кристофер Нкунку по асистенција од Дани Олмо погоди за 0-1 во Штутгарт. На потег беше домаќинот, ама не беше лесно против квалитетниот ривал. Иако Лајпциг беше подобра екипа на теренот, домашните успеаја да дојдат до реализација. 

Калајџиќ го проигра Наоиру Ахамада, а овој со одмерен удар погоди крај десната статива за 1-1 во 31. минута од средбата. До паузата Штутгарт можеше и да поведе, меѓутоа Мавропанос ја погоди стативата на гостите. Во вториот дел шанса за игра доби и Чурлинов, во 64. минута го замени Калајџиќ, а резултатски промени до крајот немаше. 

Во следната рунда Чурлинов и Штутгарт гостуваат кај Вердер Бремен, додека РБ Лајпциг ќе го дочека Келн.

Состави

Pellegrino Matarazzo

3-5-2

    Marco Rose

    3-4-1-2