• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов игра одлично во Полска, каде во Јагјелонија ја доби вистинската шанса и го покажа потенцијалот.
Крилниот фудбалер редовно е во првиот тим на полскиот клуб, а на последниот меч против Мотор тој се запиша и во листата на стрелците во победата од 3-0.
Беше еден од најдобро оценетите играчи на својот тим, па така Чурлинов се најде и во идеалниот тим на колото во Полска.