• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов ја забележа првата асистенција во новата сезона во која игра како позајмен во полска Јагјелонија.
Јагјелонија дома загуби во дербито со Краковија (2-4), а Чурлинов асистира за вториот гол на домашните. Се играше 26. минута, а погодокот дојде по една страшна акција со додавања од прва која почна со Чурлинов, а негов беше и завршниот пас.
- Асистенцијата на Чурлинов:
Крилниот играч е во сопственост на Барнли, но оваа сезона се очекува да ја мине во Полска. Полските медиуми го оценија овој погодок на Јагјелонија како гол на досегашниот дел од сезоната.