Чупо-Мотинг останува во Баерн Минхен, потпиша договор до 2023 година

Камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг и во следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, откако денес ја прифати понудата на германскиот гигант и стави потпис на договор на уште две сезони.

По одличните настапи за Стоук Сити во Премиер лигата, искусниот напаѓач пред две лета се пресели во ПСЖ, но таму остана само една година, по што следуваше трансфер во шампионот во Бундеслигата. 

32-годишниот фудбалер оваа сезона беше резерва на првиот ас на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и очигледно е дека таа улога во тимот не му пречи. 

Минатата сезона, Камерунецот одигра 32 натпревари во дресот на Баерн во сите натпреварувања, и успеа да постигне девет гола и да подели една асистенција.