Чукна часот за крај: Изаир Емини замина во пензија на 38 години

Екипата на Беса обезбеди промоција во Првата лига. Еден од најдобрите играчи во тимот на Александар Таневски беше Изаир Емини, кој реши да ѝ стави крај на фудбалската кариера.

Емини замина во пензија на 38 години. Дека беше важен играч на Беса говори податокот дека е најдобар клупски стрелец, а беше и меѓу најдобрите и оваа сезона.

Зад себе тетовчанецот има богата прволигашка кариера во Македонија, со две странски авантури во косовска Дрита и албански Кукс. Во домашните шампионати Емини покрај за Беса настапуваше и за Шкендија, Ренова и Воска Спорт.

Изаир Емини трипати беше шампион на Македонија, трипати го освои и Купот на Македонија, додека има по една титула во Суперкупот, во Втората лига, има тројна круна во Албанија, а исто така е и шампион на Косово.

Напаѓачот беше и најдобар стрелец во ПМФЛ во сезоната 2014/15 како член на Ренова кога постигна 20 гола.