„Чудотворецот“ од Ленс промовиран за нов тренер на Кристал Палас

Победникот во Конференциската лига, лондонски Кристал Палас го промовираше францускиот тренер, Пјер Сеж, кој потпиша тригодишен договор. Поранешниот тренер на Ленс ќе го наследи Оливер Гласнер, кој заминува од овој премиерлигаш со три освоени трофеи (ФА Куп, Комјунити шилд и Конференциска лига“.

„Неверојатно е да се биде тука во Кристал Палас. Возбуден сум поради историјата на клубот и последните сезони. Затоа доаѓам тука со голема амбиција“, додаде новиот тренер.

47-годишниот Французин ја победи конкуренцијата на Френк Лампард, Киран МекКена и Шон Дајч. Со Саж во Лондон пристигнува и неговиот асистент од Ленс, Џамал Алиуи.

Новата сезона во Англија почнува на средината од август.