Чудото од напаѓач изјави: ВАР ме сопре, инаку сум незапирлив!

Ерлинг Браут Халанд е најголемата сензација на групната фаза од Лигата на шампионите. Тој иако има само 19 години, за Салцург запиша осум погодоци во елитното натпреварување. До пред ова коло тој беше и водечки стрелец, но приматот го презеде Левандовски со четирите гола против Црвена Звезда.

Во вчерашната победа на својот тим на гости кај Генк влезе од клупата за резерви и за половина час на теренот запиша асистенција и постигна два гола, од кои едниот оправдано беше поништен. 

Младиот Норвежанец даде интересна изјава по мечот, тој најави дека не е незапирлив, бидејќи ВАР успеал да го сопре. 

„ВАР-системот ме запре, така што очигледно не сум незапирлив. Очигледно е дека Чан не сакаше да постигнам уште некој гол и го повлече противнокот за голот да биде поништен", се пошегува напаѓачот. 

Халанд игра во одлична форма сезонава и веќе ги разбуди интересите на најголемите клубови во Европа. Тој на вкупно 19 натпревари сезонава постигна неверојатни 27 погодоци.