Чудото на Вардар со Фенер меѓу најголемите балкански успеси на 21. век

Балканските клубови, со искучок на неколку, ретко играат во европските купови. Скоро секој пласман во групите се оценува како чудо, па така е и оној на Вардар пред неколку години кога за првпат македонски тим влезе во Лигата на Европа.

Српските медиуми направија избор на најголемите балкански успеси во фудбалот во 21. век, а меѓу нив се најде место за вардаровото чудо. Европскиот пат до групите во 2017 година почна од Шведска против Малме, а заврши во Турција против Фенербахче.

Во првата квалификациска рунда од Лигата на шампионите, Вардар го елиминира Малме, а потоа следеше меч двомеч со дански Копенхаген во кој подобар беше противникот, па македонскиот тим се пресели во плејофот од Лигата на Европа. Таму чекаше големиот Фенербахче, но Вардар направи сензација. Во Скопје победи со 2-0, а групната фаза ја потврди со триумф и во Истанбул (1-2).

Во групите вардарци играа со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, а освоија еден бод по реми со норвешкиот претставник.

Само Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово се единствените земји од Балканот кои немале претставник во групната фаза од еврокуповите во 21. век.