ВИДЕО: „Чудото“ Мусиала на 17 години погоди и влезе во историјата на ЛШ!

Баерн Минхен во своите редови го има „чудото“ Џамал Мусиала. 17-годишниот тргна од првата минута против Лацио во Лигата на шампионите и возврати на довербата со гол.

Младиот Англичанец успеа да погоди во 24. минута откако доби топка од Горецка во казнениот простор и го совлада искусниот Пепе Реина.

  • Голот на Мусиала против Лацио:

Така, Мусиала на 17 години стана најмладиот англиски фудбалер кој успеал да погоди во фудбалската елита и влезе во историјата на Лигата на шампионите. Воедно, тој е најмлад стрелец за Баерн во ЛШ.

Мусиала за три дена ќе наполни 18 години, па така, далеку е од најмлад стрелец во ЛШ, затоа што пред него се Карим Бензема (17 години, 352 дена), Педри (17 години, 330 дена), Арон Ремзи, Брел Емболо, Марин Клајн, Бојан Кркиќ, Сеск Фабрегас, Матео Ковачиќ, Петер Офори-Куаје и најмладиот Ансу Фати.