• Горан Упале
Чикаго Фајр и Монтреал одиграа неверојатен натпревар вечерва на „Солјер Филд“, кој заврши со победа на домашната екипа од 4-3. Фајр постигна два гола во судиското надополнување, а победничкиот беше еден од најчудните во историјата.
Возбудувања имаше во текот на целиот натпревар, но самиот финиш беше навистина неверојатен. Откако Кујперс во петтата минута од продолжението погоди за 3-3, се очекуваше натпреварот да заврши со поделба на бодовите, но тогаш се случи чудо. Келин Акоста од својата половина се обиде да ја внесе топката во шеснаесетникот на противникот, а гостинскиот голман Сироис заборави дека Чикаго го нарекуваа градот на ветровите и истрча далеку од својот гол и прими гол за кoj уште долго ќе се зборува.
Топката што ја испрати Акоста, благодарение на ветрот, целосно го промени правецот на движење, а покрај тоа доби и забрзување и на крај заврши во мрежата на гостите.
THAT'S WHY THEY CALL IT THE WINDY CITY
Stoppage-time scenes in Chicago! pic.twitter.com/8vZQppXIHL
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2024
Се разбира, следеше голема прослава на стадионот. Вакви голови не се гледаат секој ден и ова е дефинитивно еден од најчудните досега.