Чудо во Лондон: Арсенал прими гол по само 11 секунди (ВИДЕО)

Арсенал е лидер во Премиер лигата, многумина го гледаат како фаворит за титулата, но „топџиите“ примија неверојатен гол против Борнмут.

По само 11 секунди игра, топката заврши во нозете на Филип Билинг, а тој ја искористи катастрофалната рекација на одбраната на лидерот на табелата и ја смести топката во мрежата на лондончани.

  • Голот на Борнмут против Арсенал:

Овој погодок е еден од најбрзите оваа сезона во Премиер лигата. Судиите го прегледуваа погодокот и со ВАР, но не најдоа ништо сомнително.