• Горан Упале

По заминувањето од Европа, малку се зборува и пишува за него, но Луис Суарез во Бразил покажува дека и на 37 години сè уште е класа.
Додека се најавува негов трансфер во американскиот Интер Мајами ,под водство на Лионел Меси, Уругваецот блеска во дресот на Гремио. Ветеранот постигна хет-трик за дваесет минути и му донесе пресврт победа на Гремио против директниот конкурент за титулата, лидерот Ботафого од 4-3.
Ботафого поведе со 3-1 во 47. минута со головите на Кошта, Жуниор Сантос и Марлон Фреитас, додека единствениот гол за гостите го постигна Евертон Галдино. Домашните навивачи конечно имаа причина за задоволство по трите последователни порази. Беа на прагот да победат претендент за титулата, а потоа им се случи Суарез од најдобрите денови.
Брилијантиот Уругваец испука „рафал“ во 50., 54. и 69. минута за голема победа на Гремио. Тој стигна до 14 гола со 10 асистенции на 28 натпревари во Бразил.