Чудо во Англија: Хадерсфилд упати 30 удари, Свонси си замина без примен гол!

Фудбалерите на Хадерсфилд во рамките на 30. коло од англиската Премиер лига, на домашен терен одиграа 0-0 против тимот на Свонси. Но и ништо немаше да биде така чудно, ако по завршувањето на натпреварот не се погледне статистиката.

Имено, тимот на Хадерсфилд во текот на целиот меч имаше огромна иницијатива, упати дури 30 удари кон голот на тимот од Велс, но ниту еден не заврши во мрежата на гостинскиот голман. Покрај ударите и поседот на топката, со 81% беше на страната на Хадерсфилд. Вреди да се напомене и фактот дека гостите цели 80 минути играа со играч помалку, па и тоа е дел од причината за лошата статистика - но на крајот целта е исполнета.

Последен нешто слична статистика имаше и Манчестер Јунајтед, кој во октомври 2016 година против Барнли упати 38 удари кон противничкиот гол, но не успеа да постигне погодок.