• Саше Љолес

Екипата на Вождовац добива големо засилување за новата сезона, кое доаѓа ни помалку, ни повеќе, туку од англиската Премиер лига. Се работи за Перуанецот Родриго Вилка, кој пристигнува од редовите на Њукасл Јунајтед.
Играчот од средниот ред уште од 2020 година е под договор со „страчките“, но последните две сезони ги мина на позајмица во Донкастер Роверс и Университарио. 24-годишниот Вилка изјави дека е среќен што ќе заигра за Вождовац и изрази задоволство од соработката со новиот клуб.
„Среќен сум што ќе имам можност да заиграм за Вождовац. Тоа е клуб од главниот град и гледам дека сите овде имаат големи амбиции. Управата ми го објасни проектот во детали и не се двоумев премногу. Мислам дека можеме да си помогнеме еден на друг и да бидеме успешни во новата сезона“, изјави Вилка.
Очигледно е дека Перуанецот сака да ја крене формата и да настапува во тим каде ќе добива загарантирана минутажа, а и српскиот тим не би имал сигурно проблеми со тоа, особено ако Вилка се прикаже во добро светло. Можеби неговите бројки не ветуваат премногу, но сепак, се работи за одличен техничар и брз фудбалер кој може и тоа како да блесне во српскиот елитен фудбал.