ВИДЕО: Чудниот меч на Гвидо Родригез - десет секунди, ниту еден контакт и крај!

На пријателскиот натпревар меѓу Германија и Аргентина во Дортмунд се случи ретко видена сцена. Судиското надополнување траеше две минути и во втората аргентинскиот селектор Лионел Скалони го замени Родриго Де Пол со Гвидо Родригез.

Де Пол не беше повреден и замената беше за да се задржи време и да му се даде шанса на свеж фудбалер. Но, Гвидо Родригез на теренот мина само десет секунди, не ја допре топката и судијата означи крај на натпреварот.

  • Десетте секунди на Гвидо Родригез против Германија: 

Натпреварот меѓу Германија и Аргентина заврши без победник, 2-2.