Чудни се фудбалските патишта: Од Аталанта се сели во Атланта

Рускиот репрезентативец, Алексеј Миранчук, заминува од редовите на Аталанта и се сели во клуб со многу слично име, но на сосема друг континент - Атланта Јунајтед од МЛС лигата. 

Минатата сезона Миранчук ја мина ја позајмица во Торино, но потоа стана јасно дека нема да добие место во тимот на Гасперини и реши среќата да ја побара во Соединетите Американски Држави. 

Аталанта доби отштета од околу петнаесет милиони евра, исто колку што плати на Локомотив Москва, кога го доведе пред четири години. 28-годишниот Миранчук настапи на 71 натпревар за италијанскиот клуб и постигна девет гола во Серија А. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.