Чудни критериуми во Премиер: За газање по глава нема ниту жолт картон (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем го одигра најдобриот натпревар по ерата на Жозе Мурињо, откако на вчерашното соочување со Шефилд Јунајтед извојува убедлива победа од 4-0.

На „Тотенхем стадиум“ блескаше Герет Бејл со три гола, но покрај фантастичниот настап на велшката ѕвезда, оваа средба ја одбележа и неспортскиот потег на гостинскиот фудбалер Флек, кој по еден прекршок над Ло Селсо, со ногата го згазна аргентинскиот офанзивец директно во главата. Но, ниту главниот судија, ниту пак од ВАР собата не се огласија и на Флек не му беше доделен ниту жолт картон.

  • Спорниот момент од натпреварот во Лондон:

Инаку, покрај трите гола на Бејл, мрежата на Шефилд ја затресе и Сон, за конечни 4-0.