Чудна понуда на Астон Вила до УЕФА: Сака да го организира финалето во ЛШ

Според „Скај Спорт“, Астон Вила им се обратил на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) со предлог финалето на Лигата на шампионите оваа сезона да се игра на нивниот стадион.

Во овосезонското финале ќе се судрат Челзи и Манчестер Сити, а според планираното домаќин на англиските гиганти треба да биде стадионот „Ататурк“ во Истанбул, Но, без разлика што УЕФА пред извесен период потврди дека овој дуел и дефинитивно ќе се игра во Истанбул, раководството на Астон Вила смета дека најбезбедно решение е финалето да се игра во „Вила Парк“, со образложение дека во тој случај англиските фанови нема да мораат да патуваат до Турција.

Според последните најави на „Ататурк“ ќе бидат присутни 25.000 гледачи, од кои по 4.000 билети ќе бидат доделени на финалистите.

Единствената причина за промена на местото на финалето во Лигата на шампионите може да биде одлуката на турските власти дека не постојат услови за одржување на ваков настан и дека не може да се гарантира безбедноста на учесниците и навивачите.