Чудна одлука на Дешамп, Франција игра пријателска среде СП

Фудбалската репрезентација на Франција ќе игра пријателски натпревар за време на Светското првенство (СП) во Катар, одлучи селекторот Дидие Дешамп.

Како што пишуваат медиумите од Франција, Дешамп вечерва закажал контролен натпревар. Французите ќе излезат на мегдан со катарскиот тим Ал-Гарафа. Дуелот ќе биде од затворен карактер, се очекуваат и ротации во составот.

Мечот доаѓа само 24 часа по мундијалскиот старт на „триколорите“ и победата над Австралија.