• Мартин Танасковски
Рома оствари драматична победа од 3-2 на гостувањето кај Парма во 36. коло од Серија А „Волчицата“ до 94. минута губеше со 2-1, но со неверојатен пресврт во судиското продолжение остана во игра за место во Лига на шампионите.
- Парма - Рома 2-3:
Тимот на Гасперини сега има 67 бодови и се израмни со Милан, кој е четврти, но со натпревар помалку. Рома поведе во 22. минута преку Дониел Мален, кој по асистенција од Пауло Дибала рутински ја затресе мрежата на домаќините.
Парма израмни веднаш по паузата, кога Габриел Стрефеца прецизно погоди од работ на шеснаесетникот. Домашните стигнаа и до целосен пресврт во 87. минута преку Мандела Кеита, кој одлично реагираше по додавањето на Матјас Естевез и донесе водство од 2-1.
Кога изгледаше дека Рома ќе остане без триумф, во 94. минута Девајн Ренш постигна гол за 2-2. Драмата продолжи и во 98. минута, кога токму Ренш беше фаулиран во казнениот простор. По ВАР проверка беше досуден пенал за римскиот тим.
Одговорноста ја презеде Дониел Мален, кој во 101. минута сигурно реализираше за голема победа на Рома од 3-2.
На останатите натпревари, Кремонезе со головите на Варди, Бонацоли и Окереке ја победи веќе испадната Пиза со 3-0 и го чека борба за опстанок.
- Фиорентина - Џенова 0-0:
Фиорентина и Џенова одиграа реми без голови.

