Чудесна кариера: На 23 години ги освои сите најважни трофеи во фудбалот!

Хулиан Алварез дефинитивно е една од најголемите фудбалски ѕвезди кои доаѓаат од Аргентина. Младиот напаѓач со својот Манчестер Сити се закити со титулата од Светското клупско првенство, со што стана најмладиот играч од својата земја кој успеал до 23-годишна возраст да стигне до сите најважни трофеи во светот на фудбалот. 

Од доаѓањето кај „граѓаните“, Алварез постигнуваше голови во сите шест конкуренции, а исто така имаше голем придонес и во финалето од клупскиот Мундијал против Флуминенсе, каде постигна два погодока. Досега во кариерата освои шест големи трофеи, на кои би позавиделе и големи светски ѕвезди кои никогаш го немале ова остварување. 

Алварез во своите витрини има титули од Лигата на шампионите, англиската Премиер лига, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа, титула од Светското клупско првенство, како и најважната од сите - светската шампионска титула од Мундијалот во Катар, каде Аргентина по третпат во историјата се искачи на светскиот фудбалски трон. 

Остварувањата на аргентинскиот ас се навистина неверојатни и во последните две години успеа да ги комплетира најважните титули, што е навистина голема реткост во фудбалот. Оваа сезона Алварез настапи на вкупно 22 натпревари за Манчестер Сити и досега постигна осум голови.