Чудесија од гол: Падна погодокот на сезоната во Чемпионшип! (ВИДЕО)

Уште во првото коло, можеби го имаме голот на сезоната во англиската Чемпионшип лига.

На дуелот од првото коло меѓу екипите на Вест Бромвич Албион и Нотингем Форест, крилниот играч Мет Филипс даде гол за паметење. Погоди откосо, можеби сакаше да нафрли, но топката заврши во мрежата на противникот.

  • Голот за паметење во Чемпионшип лигата:

Вест Бромвич Албион е еден од кандидатите за влез во Премиер лигата, а негов играч сега го има и перфектниот погодок зад своето име кој може да добие престижна награда на крајот од сезоната.