ВИДЕО: Чудесија од гол на Шик, Чесите го замолкнаа Глазгов

Екипата на Чешка со победа над Шкотска (0-2) го отвори Европското првенство (ЕП) кое се игра во повеќе земји и направи голем чекор напред кон следната фаза на континенталниот собир.

  • Извештај од натпреварот:

Чесите беа одлични на гостувањето на „Хампден парк“ во Глазгов и ја растажија домашната публика. Така, Чешка и Англија сега се во пол-позиција за пласман во наредната фаза, затоа што ги држат првите две позиции.

Инаку, дуелот во Глазгов беше во знакот на Патрик Шик. Играчот на Баер Леверкузен беше главен напаѓач во нападот на Чешка и со два гола го реши натпреварот. Првиот гол Шик го даде во 42. минута, по центаршут на Куфал, откако реализира со глава, додека вториот падна во 52. минута и беше вистинска чудесија од гол, од половина терен. Нема да е изненадување ако токму тој гол е најдобар на Европското првенство.

>>> Гол за антологија: Шик ја погоди шкотската мрежа од половина терен (ВИДЕО)

Шкотланѓаните во неколку наврати имаа шанси да го намалат поразот, арно ама Вачлик беше феноменален меѓу стативите и не дозволи да се стресе неговата мрежа. Чешка во следното коло ќе се соочи со Хрватска, додека Шкотска ја чека островско дерби со Англија.

Состави

Steve Clarke

3-5-2

    Jaroslav Silhavy

    4-2-3-1