ВИДЕО: Чудесен пресврт во финишот, Динамо Киев го освои Суперкупот на Украина

Новата сезона во украинскиот фудбал започна со триумф во Суперкупот на Динамо Киев. Во прекрасен натпревар на неутрален терен, Динамо го совлада Шахтјор со 2-1 и освои уште еден трофеј во богатата колекција. 

Долго време екипата на шампионот Шахтјор водеше и се чинеше дека го има триумфот и трофејот на дофат. Алан Патрик во судиското надополнување на првиот дел донесе предност за екипата од Доњецк, Дури и се редеа шанси за втор гол, но наместо потврда на победата, стигна пресврт во интервалот од само три минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Бурда Микита во 80. минута израмни, а три минути подоцна Денис Гармаш го комплетираше пресвртот на задоволство на мнозинството фанови на Динамо Киев на трибините.

Шампионатот почнува следната недела, а се предвидува дека пак за тронот ќе се борат овие две екипи.