ВИДЕО: Чудесен пресврт на Каљари - од 0-2 до пред крајот, до големи 4-3

Најголемото изненадување во италијанската Серија А, екипата на Каљари, на начинот на кој што загуби два бода на гостувањето кај Лече во претходното коло, вечерва освои три. Во последниот дуел од 14. коло на Серија А, Каљари ја совлада Сампдорија со 4-3 (0-1).

  • Каљари - Сампдорија 4-3:

Момците на Клаудио Раниери поведоа со 2-0 со головите Кваљарела од пенал во 38. минута и на Гастон Рамирез на почетокот од вториот дел. 

Наинголан во 70. минута, но Кваљарела со својот втор гол ја врати дистанцата од два гола во полза на Сампдорија. Сепак, во само две минути Жоао Педро постигна два гола и израмни на 3-3.

Во последните мигови од регуларниот тек, Сери погоди за големо славје на Каљари и зацвртување на врвот на табелата.

Состави

Rolando Maran

4-3-2-1

    Claudio Ranieri

    4-4-2